ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко
Градоначланикот на Струга, Рамис Мерко е обвинет во двата случаи, во првиот за прифаќање фалсификувани документи, а во вториот за несовесно работење.
Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.