ДИРЕКТОРОТ СЕ ВРАЌА НА УЛИЦА Галетановски поднесе оставка во Зоолошка

Јас денес се враќам на улица, достапен во секое време да придонесам за подобра иднина на државата и младите, порача Галетановски.

1,899

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски поднесе оставка од функцијата и за тоа ја извести јавноста преку својот профил на Фејсбук.

„Другарки и другари, сакам да ве известам дека денес поднесувам оставка од работното место директор на ЗОО Скопје. Им благодарам на довербата што ми ја укажаа екс градоначалникот Петре Шилегов, сите медиуми, спонзори, донатори, здружениjа за животни, а најмногу на вработените во ЗОО Скопје кои ги сакам како мое семејство и со чија помош успеавме да дојдеме на чекор до членство во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Се надевам дека Зоолошката ќе продоложи да се развива и да се прават нови проекти со кои ќе се продолжи успехот на оваа институција. Јас денес се враќам на улица, достапен во секое време да придонесам за подобра иднина на државата и младите“, напиша Галетановски.






Набројувајќи ги своите успеси тој додаде дека во изминатите три и пол години рекордно е зголемена посетеноста, донесени се многу нови животни за првпат во нашата земја.

Зоолошка градина Скопје стана најпосетената институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби ЗОО и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди. Организиравме многу хуманитарни акции, помагавме секаде каде што можевме и тоа беше нашата најголема сатисфакција за успех. ЗОО Скопје стана прва дигитализирана зоолошка на Балканот, со своја апликација и онлајн продажба на билети“, додаде Галетановски.

Поврзани содржини