Директорот на заводoт за статистика призна дека меѓу попишувачите има заразени
Има четворица не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, вели, Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој ова го изјави по обвинувањата од страна на екс пратеникот Илија Димовски дека има веќе заразено попишувачи.
Димовски му укажа на директорот Симовски дека во ден со над 16.000 активни сличаи на ковид се заканува со кривично гонење на народот, ако не сакаат дома да им доаѓаат попишувачи.
– Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето. Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато – објасни дел од протоколите за попис, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.