Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р. Нико Беќаровски преку Фејсбук реагираше за нападот што се случи врз негов колега од страна на 32-годишен татко, бидејќи докторот ги препратил на Педијатрија каде имало дежурен лекар.
Беќаровски прашува дали ќе мора да носат оружје за самоодбрана.
-Попладнево повторно физички нападнат и повреден доктор на своето работно место. Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана??? Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер – напиша д-р. Беќаровски на Фејсбук.
Нападнатиот лекар се здобил со посекотини на лицето и хематом. Тој бил хоспитилизиран, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување.
МВР утрово информира дека е приведен триесет и двегодишниот С.И. од Скопје поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија.
Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место.Дали покрај маските, везирот,…
由 Bekjarovski Niko 发布于 2020年9月20日周日