Директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов, преку објава на својот профил на Фејсбук бара донација за болничко возило, кое ќе се користи за превоз на пациенти заболени од ковид-19.
„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како ЈЗУ Општа болница -Струмица имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион.
Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот“, напиша Гогов.