Директорот на скопски „Водовод“ позитивен на ковид-19: Момент на невнимание!

738

Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Весковски, на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.

„Само што го добив позитивниот тест на ковид-19. Се чувствувам добро и во моментов имам лесни симптоми.






Момент на едно невнимание може да биде поразителен за сите нас! Им благодарам на здравствените работници за надчовечките напори кој ги прават за ние да се чувствуваме сигурни!

Останете во добро здравје, чувајте се и носете маска“, порача Весковски.

Поврзани содржини