ДИРЕКТОРОТ НА РЕК-БИТОЛА Е ГОРД ХАРМОНИКАШ Луѓето што свират на музички инструмент се поинтелигентни!

Ако е страшно да свириш на некој инструмент, тогаш зошто децата од мали нозе ги праќаме во музичко училиште и ги учиме да свират? Ако не, ајде директно на политички науки да ги запишеме, изјави за ММС новоизбраниот директор на РЕК-Битола, Пеце Матевски.

1,506

Новоизбраниот директор на РЕК Биола, Пеце Матевски, кој досега беше директор на термоелектрани, во изјава за порталот ММС вели дека нема никаков грев во тоа што знае да свири на хармоника, туку напротив, како што посочува, луѓето кои умеат да свират на музички инструменти се поинтелигентни.

– Точно е дека свирев хармоника во повеќе музички групи, но дипломирав на Машинскиот факултет во Битола, отсек индустриски менаџмент. По дипломирањето не можев да се вработам, па што требаше да правам? Да не свирам? Да не работам ништо? Јас на оваа функција не дојдов со осмо одделение или со средно образование, ниту, пак, со купена диплома. Не дипломирав во вечерно училиште или во Бугарија. Најредовно си завршив факултет во Битола, а магистрирав менаџмент на човечки ресурси. Ако нема како да го оцрниме човекот, ќе го оцрниме вака. Но, нема да ме оцрнат, ја сум горд поради тоа што знам да свирам хармоника. Јас можам да се занимавам со било што, ај тие нека земат нека свират – посочува Матевски.






Тој вели дека не може да ги разбере луѓето кои гледаат проблем во тоа што знае да свири хармоника.

– Ова е многу ниско размислување, па секој човек си има свои способности и афинитети. Што е грешно? Грев е ако некој свирел музички инструмент, а тоа често си го работел? Мислам дека луѓето што свират музички инструмент се поинтелигентни. Ако е страшно да свириш на некој инструмент, тогаш зошто децата од мали нозе ги праќаме во музичко училиште и ги учиме да свират? Ако не, ајде директно на политички науки да ги запишеме – објаснува Матевски.

Професорот Јове Кекеновски, кој и самиот пред да влезе во политиката свирел хармоника и  бил дел од музичката група „Мераклии“, преку Фејсбук му упати поддршка на Матевски.

„Пеце запамети. Она со што способните, умните, нормалните и цивилизираните се гордеат, неписмените, полуписмените, неспособните и арамолепците се исмеваат. Никогаш немој да ги мразиш луѓето кои се љубоморни на тебе, туку почитувај ја нивната љубомора. Тоа се (не)луѓе кои мислат и знаат дека си подобар од нив во секој поглед. Затоа Пеце, вози мирно и не обрнувај внимание (што би рекле: пет пари не давај) на ситна боранија, трутови, прости шупци политиканти и во овој случај на приучени новинари измеќари“, напиша Кекеновски на Фејсбук.

Поврзани содржини