ДИРЕКТОРОТ НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ Е РАЗРЕШЕН ПОРАДИ ПОВРЕДА НА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР Именуван е в.д. директор од редот на вработените

Инспекцискиот надзор во гимназијата „Орце Николов“ открил сериозни неправилности во постапката за избор на директор, што довело до негово разрешување. Дел од учениците излегоа на протест барајќи негово враќање, додека професорите предупредуваат за злоупотреби и незаконски дејствија. Град Скопје соопшти дека изборот е поништен поради суштествени повреди на законските процедури.

5,043

Просветен инспектор на 26 и на 27 февруари годинава извршил вонреден инспекциски надзор во скопската гимназија „Орце Николов“ во однос на спроведувањето постапка за избор на директор на училиштето, па според затекнатата состојба, констатирано било дека училиштето спротивно на законските и подзаконските акти ја спровело постапката за избор на директор на училиштето. Била направена суштествена повреда на постапката на Училишниот одбор и погрешно било применето материјалното право при изработката и објавувањето на јавниот оглас.

Ова за Плусинфо го потврдија од Град Скопје откако професори од гимназијата „Орце Николов“ предупредија за злоупотреби од разрешениот директор Митко Димовски и кои испратија итна претставка до градоначалничката Данела Арсовска од која побараа да испрати инспекција по допрен глас.






– Во преамбулата на јавниот оглас за избор на директор на училиштето со дел. број 02-378/5 од 02.09.2022 година кој бил објавен во 3 (три) дневни весници и тоа „Нова Македонија”, „Слободен печат” и „Лајме” на ден 05.09.2022 година, Училишниот одбор се повикува на Член 89 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/20), а истата законска одредба се однесува на државните средни училишта, а СУГС Гимназија „Орце Николов” – Скопје е средно училиште на Град Скопје – објави Град Скопје.

Оттаму додаваат:

– Во условите во објавениот јавен оглас било наведено кандидатите да имаат педагошка, психолошка и методска подготовка на соодветни факултети, а истиот услов не е предвиден во Член 91, став (2) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/20). Овој услов отворил дилема и ги ставил во нерамноправна положба кандидатите коишто се стекнале со факултет со наставна насока да можат да аплицираат на истиот јавен оглас. Условот за педагошка – психолошка и методска подготовка требало да биде наведен со забелешка дека се однесува само за лицата коишто се немаат стекнато со наставна насока и тоа само во делот 2 – потребна документација. Во условите во објавениот јавен оглас било наведено дека кандидатот треба да ги исполнува условите за наставник, педагог или психолог во средно училиште, но во документацијата не било побарано доказ за истото освен Диплома / Уверение за завршено високо образование и Уверение за државјанство. Училиштето не ги побарало и  останатите услови предвидени во Член 3, став (1) и Член 39, став (1) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” број 161/19), како што за наставници се: положен стручен испит по истекот на приправничкиот стаж и познавањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и како што за стручните соработници (педагог и психолог) е познавањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо – велат од Град Скопје.

Десетина ученици излегоа на протест

„Денеска на 10.03.2025 година, во неколку класови за време на изведување на наставата, од страна на некои од колегите професори, се пуштени бланко листови за потпишување на учениците своерачно, каде после потпишувањето на учениците им е соопштено дека потписите кои ги ставиле на листот, се за поддршка на разрешениот директор и за поддршка да се врати на функцијата“, обелоденија професори од скопската гимназија СУГС „Орце Николов“.

Во исто време, додаваат професорите, соопштено им било на учениците дека во текот на денешниот денот, за време на наставата, ќе има прекин на наставата со протести од страна на учениците кои сакаат и со губење на часови, за поддршка за враќање на функција на разрешениот директор Митко Димовски.

И токму тоа се случи. Денеска околу пладне, пред седиштето на Град Скопје протестираа десетина ученици од „Орце Николов“, давајќи му поддршка на разрешениот директор.

Во продолжение ви го пренесуваме одговорот на Град Скопје во поглед на разрешувањето на директорот на училиштето:

– потребна документација побарано било да се достави само сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2), а без притоа да биде прецизирано дека сертификатот бидејќи е на странски јазик треба да биде доставен заедно со заверен превод, што е спротивно на Член 59, став (2) од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” број 145/15 и 65/18), каде што прецизно е пропишано дека исправите што се издадени на странски јазик се поднесуваат заедно со заверен превод.

– Училишниот одбор на СУГС Гимназија „Орце Николов” – Скопје конкретно и прецизно во денови не го навел и пресметал рокот во којшто ќе се изврши изборот, туку само навел дека изборот ќе се изврши во роковите предвидени со Законот за средното образование, што е спротивно на Член 45, став (1) од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” број 145/15 и 65/18), каде е прецизно пропишано дека роковите се пресметуваат во денови, месеци и години.

– Доказот дека на кандидатите за директор не била изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност во јавниот оглас било побарано да биде не постар од 6 (шест) месеци, што е спротивно на Член 91, став (2) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/20), каде прецизно е наведено дека на кандидатот во моментот на избирањето треба да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, кој доказ треба да биде издаден во моментот додека трае рокот за доставување на документите по јавниот оглас.

– Училишниот одбор на училиштето во јавниот оглас, навел дека истиот трае 5 (пет) дена, што е спротивно на Член 104 од Статутот на СУГС Гимназија „Орце Николов” – Скопје, каде е наведено дека истиот јавен оглас треба да трае 5 (пет) работни дена.

– Во јавниот оглас било предвидено кандидатите да имаат општа здравствена состојба, услов кој не е предвиден во ниту еден законски или подзаконски нормативно – правен акт, а наведената одредба од Член 25, став (7) од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19, 267/20, 151/21, 288/21) се однесувала на кандидати за вработување, а не се однесува за кандидати за избор на директор на средно училиште.

Врз основа на горенаведеното, постапувајќи по Член 124 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” број 145/15 и 65/18), се донесе акт со кој се поништува Решението за избор на директор на Средното училиште на Град Скопје – Гимназија „Орце Николов” – Скопје со дел. број 08-11744/1 од 12.10.2022 година.

Оттука, врз основа на Член 93-в од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/20), во рок од 3 (три) дена од денот на разрешување на постојниот директор, се именува Вршител на должноста Директор од редот на вработените кој ги исполнува условите за избор на Директор пропишани во Член 91, став (2) и став (3) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/20).

ПРОФЕСОРИ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОТКРИВААТ ЗЛОУПОТРЕБИ ОД РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР Испратиле итна претставка до Данела Арсовска и бараат инспекција по допрен глас

Поврзани содржини