Директорот на Интер: Икарди сака да остане во Париз
Честопати разговараме со Леонардо, и знам дека играчот има потпишано договор што ќе му овозможи да остане таму. Ќе најдеме решение - изјави Аусилио.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио зборуваше за напаѓачот на „нероазурите“ Мауро Икарди, кој е на позајмица во ПСЖ, како и за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.
– Знам дека Икарди е среќен и сака да остане во Париз. ПСЖ може да ја искористи опцијата за откуп на играчот, кој истекува на 31 мај. Постои сума на која очигледно влијаеше и моменталната состојба во светот, па да видиме. Честопати разговараме со Леонардо, и знам дека играчот има потпишано договор што ќе му овозможи да остане таму. Ќе најдеме решение – изјави Аусилио.
Што се однесува до Вернер, секогаш го сакавме. Сепак, играчот нема да дојди во Интер. Јас ги знам причините, има неколку. Го познавам и мислењето на самиот фудбалер и неговата придружба. Точно е, тој има откупна клаузула, но тој нема да дојде, соопшти директорот на Интер.