Директорот на Државниот инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу е во самоизолација откако е утврдено дека еден вработен во трудовата инспекција е позитивен на корона вирусот, потврдил тој за Телма.
Хавзиу и уште тројца вработени имаат негативни тестови, но по препорака на епидемиолозите заминуваат во изолација.