ДИРЕКТОРОТ НА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ОД АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ, ПА БЕШЕ РАЗРЕШЕН И ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈА Министерството за здравство неселективно ќе соработува во истрагите за корупција

Прашан за случајот со починатиот пациент на Кардиохирургија, министерот Арбен Таравари изјави дека извештајот од санитарниот инспекторат веќе е доставен, но тој сè уште не го прочитал. Според него, дел од наодите ги дознал преку новинарските извештаи. Тој додаде дека ќе го разгледаат документот и потоа ќе се одлучи какви понатамошни мерки ќе бидат преземени.

227

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчистат криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии.






Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање мито од 20.000 евра.

– Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутредента го исклучивме од партија. За сите што грешат, ние ниту сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции – изјави Таравари.

Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.

– Но, таму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство да помогнеме на сите вакви акции за да се исчистат криминалот и корупцијата – рече Таравари.

Прашан за случајот со починатиот пациент на Каридиохиргија, Таравари одговори дека извештајот е готов.

– За Кардиохирургија мислам дека е готов, но не сум го прочитал, ви кажав од санитарен инспекторат е пристигнат, прочитав и од новинарите што е констатацијата. Така што ќе видиме за понатамошните чекори, што ќе биде преземено – вели Таравари по посетата на болницата во Куманово.

„АКО НЕ ИМ ТРЕБАМЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ВЛАДАТА“ Таравари очекува реакција од премиерот Мицкоски

Поврзани содржини