ПРВИОТ ЧОВЕК НА БЈБ ПОТВРДИ ДЕКА ДИРЕКТОР ЗЕЛ МИТО ОД 20.000 ЕВРА „Девастираниот систем ќе го вратиме во функција“

1,645

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра.

 

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат.
Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра.
Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа“, напиша Јанев на социјалните мрежи.





Поврзани содржини