ДИРЕКТОРОТ ФАТЕН СО ДРОГА, ПИЈАН НАПАЃА ПОЛИЦАЈЦИ, МИНИСТЕРОТ ГО БРКА ОД РАБОТА, СДСМ ГО ВРАЌА На ваквото беззаконие му доаѓа крајот, вети Мицкоски во Радовиш

„Доаѓа одговорност и владеење на законите подеднакво за сите. Било да е некој од СДСМ, ДУИ или од ВМРО. Мора еднаш да владеат законите, ако сакаме Македонија да ја биде“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

681

„Поставија директор на Центарот за социјални работи во Радовиш, го фатија со дрога, потоа го фатија како во алкохолизирана состојба напаѓа полицајци. Министерот за труд во техничката влада, Ѓоко Велковски, кој е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, го разрешува, владата вчера го враќа на таа иста позиција. Која е пораката која ја испраќаат? Може некој да продава дрога, да тепа полиција овде во Радовиш, ама мора директор да биде“.

Ова го изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Радовиш. Тој најави дека доаѓа крајот на ваквата ситуација.






– Ви велам дека овие избори се шанса да воспоставиме ред. Доаѓа одговорност за сите кои се огрешиле пред законите. Доаѓа одговорност и владеење на законите подеднакво за сите. Било да е некој од СДСМ, ДУИ или од ВМРО. Мора еднаш да владеат законите, ако сакаме Македонија да ја биде. Нашата борба е и за средена Македонија. Македонија на народот и која ќе биде повторно твоја – порача Мицкоски

Тој вели дека Македонија е земја со најголема стапка на криминал во Европа, но и со најголема инфлација и рекордер по сиромаштија.

– Над 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, a 80.000 луѓе живеат во екстремна сиромаштија со 60 денари на ден. Македонија е на врвот по индексот на мизерија. Косово се гради и стана центар во споредба со Македонија, а Македонија не може глава да крене – рече Мицкоски на митингот во Радовиш, обвинувајќи ги ДУИ и СДСМ за ваквата ситуација.

– Ахмети владее со Македонија, Ковачевски му слугува. Груби, Талат, Бујар ја раскрчмуваат, а Маричиќ, Спасовски, Николовски му помагаат. Ахмети е стопанот, а Ковачевски на тацна му даде се што сака. На тој начин си купуваат мир и време во фотелјите додека народот страда. И таквата неспособност се пресликува од министер до службеник – рече Мицкоски.

Во обраќање пред граѓаните во општина Василево, во рамките на претседателската кампања, Мицкоски истакна дека Стево Пендаровски, „којшто што пет години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но пет години ниту еднаш не дошол во општина каква што е Василево и да праша со какви проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува, како првпат да се појавува во политиката“.

– Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори, небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже, извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме, е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел. И замислете, вчера во Делчево, на настан, на митинг, обраќајќи се на делчевчани, им вели, ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели, ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува – рече Мицкоски.

Поврзани содржини