ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ РЕСЕН НЕ ГО ФЕРМА СУДОТ Си вработува партиски подобни кадри, обвинува Левица

401

Силната партизација која го доведе здравството во катастрофална состојба е главен метод на делување на нелегитимната влада на СДС и ДУИ. Таква е ситуацијата и во Здравствениот дом во Ресен, каде Државната комисија за спречување корупција констатира прекршување на низа закони при распишан оглас за вработување на медицински лица, тврди партијата Левица.

„Наместо директорката на Здравствен дом Ресен Сања Андоновска да ги избере прворангираните кандидати, таа избира други кандидати кои се партиски подобни. Иако Основниот суд во Ресен, по барање на Апелационeн Суд во Битола, го поништува ваквиот скандалозен избор на кадри, сепак партиската директорка одбива да постапи по Одлуката на Судот“, се вели во соопштението на Левица.






Од Антикорупциска комисија веќе е доставена иницијатива до Министерството за здравство.

„Јавно го прашуваме министерот Меџити дали ги штити партиските директори во нивните незаконски дејствувања?! Бараме итно разрешување на директорката Андоновска поради злоупотреба на службената должност и овластувања, како и Министерството за здравство да постапи по доставената иницијатива од страна на ДКСК“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини