Директорката на Инфективна: Член на семејство почина, а најблиските не веруваат дека ковид-19 постои

5,943

Континуираното непочитување на мерките, опуштање на граѓаните во однесувањето, го гледаме сега пресликано во бројките, оцени во вечерашната „Топ Тема”, директорката на инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ.

– За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за да некој човек преземе едноставни мерки да се заштити себеси и своите блиски, навистина тоа не ми е прифатливо – подвлече Стевановик.






Во однос на игнорирањето на препораките на медицинските работници, директорката на инфективна, истакна дека не верува дека станува збор за неинформираност кај овие луѓе.

– Пред некој ден имавме случај, кога еден член на семејство починува од ковид-19 а неговите најблиски не веруваат дека жртват починала од оваа болест. Веројатно секогаш ќе има популација која попрво ќе верува во теориите на заговор, отколку во медицинските факти кои ги кажуваат експерите – изјави Стевановиќ.

Таа посочи дека во моментов на клиниката има хоспитализирано 95 лица, со што таа е блиску до максималниот капацитет.

Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време, капацитетот на клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти.

Стевановиќ оцени и дека недостаток на медицински персонал секогаш ќе има и нормално е дека медицинските тимови кои се грижат за болните на клиниката се веќе заморни. Затоа таа апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и да сфатат дека непочитувањето создава ризик за здравјето на болните.

– Не се создаваат специјалисти за неколку месеци – изјави Стевановиќ

Во однос на бројот на големиот број починати од корона вирусот во Македонија, таа изјави дека причините се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што не може да се направи во период на пандемија.

Од луѓето кои ја губат битката со ковид -19,  72 отсто се со опасни коморбидитети и тоа по 2 коморбодитети,  висок крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, хематолошки болести, изјави директорката на инфективна клиника.

Таа подлвече и дека воочливо е дека луѓето кои починуваат доаѓаат предоцна во болницата.

Над 50 отсто од болните се дојдени најмалку 7 дена по почетокот на болеста а дел од нив и по 10 дена од заболувањето, кога веќе имаат тешка болест, со развиени тешки симптоми и последица, за кои грижата е исклучително тешка и сложена.

Поврзани содржини