Директорката на ГАК, Викторија Јовановска во „Топ тема“: Ги очекуваме брзите ПЦР тестови

Доколку би ги добиле тие брзи ПЦР тестови, ние би имале резултат за околу 40 минути - рече Јовановска.

1,865

Сега чекаме 10 резултати од пациентки, а во меѓувреме примивме уште две, од кои што едната е позитивна на ковид-19, рече директорката на ГАК, Викторија Јовановска, во денешното гостување на „Топ тема“ на Телма.

– Пред неколку часа разговаравме и министерот за здравство кажа дека за многу брзо време ќе ги добиеме брзите ПЦР тестови, бидејќи ние имаме апарати и имаме персонал кој може да ги работи ваквите тестови. Ќе биде многу олеснета нашата работа, бидејќи тогаш ќе немаме потреба да ги примаме пациентите во изолација и да ги блокираме капацитетите. Така што, доколку би ги добиле тие брзи ПЦР тестови, ние би имале резултат за околу 40 минути – рече Јовановска.

Поврзани содржини