ДИРЕКТОРКАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ ПОД АНТИКОРУПЦИСКА ЛУПА Од ДКСК поднеле иницијатива за испитување одговорност до сите органи

ЗДека овие вработувања се спротивни на законот оценија Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.

838

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик, соопштија денеска од ДКСК.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.






За време на изборите ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители и нивната законитост. Дека овие вработувања се спротивни на законот оценија Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.

„Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се вели во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Поврзани содржини