Директор на фудбалски клуб од Охрид се степал со фудбалер
„По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР во дневн
Во СВР Охрид, вчера во 16.20 часот било пријавено дека во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, по завршување на фудбалски натпревар од третата езерска регионална лига, 51-годишниот А.М. од Охрид, инаку директор на фудбалскиот тим од Охрид, физички го нападнал 26-годишниот Р.Р., играч од фудбалскиот тим од струшкото село Долна Белица, соопштија од МВР.
„По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР во дневниот полициски билтен.