„ДИРЕКТНО ОД АЕРОДРОМ НА СОСТАНОК“ Мицкоски во Вашингтон договара инвестиции на Рамбл во Македонија

Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски, сопственик на Рамбл компанијата, каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и Џеј Ди Венс, потпретседател на САД, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

1,120

Премиерот Христијан Мицкоски, кој во наредните неколку дена ќе биде во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон, денеска имаше средба со Крис Павловски, сопственик на  компанијата Рамбл, каде акционери се блиски соработници на новоизбраниот американски претседател.






„Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски, сопственик на Рамбл компанијата, каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и Џеј Ди Венс, потпретседател на САД, како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1,2 милијарди долари“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Премиерот додаде дека на состанокот разговарале за инвестиции на Рамбл во Македонија, во делот на дигитализацијата.

„Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори. Зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и за иднина на нашите граѓани и на татковината“, напиша премиерот Мицкоски.

Премиерот на инаугурацијата ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Поврзани содржини