ДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВИНОПРОИЗВОДИТЕЛИ Максим Димитриевски ветува поддршка за граѓаните од Повардарието и од Тиквешијата

Идејата е дополнителните семејни активности да се трансформираат во семејни бизниси, додека малите бизниси да се трансформираат во средни, објасни претседателскиот кандидат на ЗНАМ.

108

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во Демир Капија изјави дека ќе иницира законски решенија за директна поммош на вистинските винопроизводители.

Димитриевски рече дека она што го работат  граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.






– Сметам дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија – додаде тој.

Димитриевски рече дека од позиција на претседател на Македонија ќе иницира нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а  со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, додека малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси.

Поврзани содржини