Дирекцијата за заштита и спасување прославува 15 години од постоењето

Годишнината ДЗС ја прослави под мотото „Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“.

203

Под мотото „Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“ денеска Дирекцијата за заштита и спасување ја одбележа 15-годишнината од своето постоење.

Директорот на Дирекцијата, Аднан Џаферовски по тој повод оцени дека институцијата се движи во вистински правец и оти преземените активности во изминатите две и пол години ја покажале оправданоста и улогата што ја имаат припадниците на ДЗС за општеството.






– Со отпочнување на реорганизацијата, формирање на тимови за брз одговор, набавка на нови униформи со највискоки стандарди на заштита, набавка на најсовремена опрема за тимовите, меѓународни обуки и вежби, нови правилници за функционалните ознаки, правилник за стандардизација на униформите на припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, правилник за стандардизација и унифицирање на униформите на пожарникарите, ни дава за право да заклучиме дека Дирекцијата за заштита и спасување се движи во вистински правец – истакна Џаферовски.

Тој додаде дека активно се работело и на меѓуинституционалната соработка со одржување на големи вежби, на кои е покажана координираноста и подготвеноста на институциите во случај на несреќи и природни катастрофи.

ДЗС во изминатиот период активно беше вклучена и во некои клучни настани како што се пречекот на папата Франциск во делот на изработката на планот за евакуација, учеството во справување со полседиците од катастрофалниот земојотрес во Албанија и вклученоста во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Поврзани содржини