ДИПЛОМАТСКА ДРАМА ВО ИСЛАМАБАД Иран и САД на одделни средби со премиерот Шариф пред мировните преговори

Американски и ирански делегации одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Исламабад, во обид да се отвори пат кон мировни преговори и можен напредок во регионалните тензии.

1,096

Во Исламабад денеска се одржаа одделни средби меѓу американски и ирански претставници и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, пред најавените мировни преговори меѓу двете страни.

Потпретседателот на Џеј Ди Венс се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

 






Според кабинетот на пакистанскиот премиер, Шариф изразил надеж дека разговорите ќе придонесат кон воспоставување траен мир во регионот.

Претходно во текот на денот, како што јавува Би-Би-Си, се одржал и одделен состанок меѓу иранската делегација и Шариф, при што, според извори од пакистанската влада, дел од разговорите се одвивале и за време на заеднички ручек.

Дипломатски извори наведуваат дека пакистанските претставници најверојатно ќе продолжат да одржуваат одделни и наизменични средби со двете делегации, со цел да се процени дали постои простор за напредок по клучните точки од предлозите на страните.

Поврзани содржини