ДИПЛОМАТИТЕ СО ТЕНИС ГО ОДБЕЛЕЖАА 11 ОКТОМВРИ Османи вели дека спортската дипломатија е универзален јазик на сите нации

На дипломатскиот тениски турнир, како што соопшти МНР, учествуваа дипломати од резидентните дипломатски и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од МНР.

234

По повод државниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи денеска го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир, што се одржа во Скопје.

На дипломатскиот тениски турнир, како што соопшти МНР, учествуваа дипломати од резидентните дипломатски и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од МНР.






-Одлична прилика за промовирање на дипломатските вредности преку спортскиот дух кој обединува во заедничките цели за подобри резултати во нашето секојдневно работење. Спортската дипломатија е нераскинлива алка што зближува и обединува и универзален јазик на сите нации со моќ за рушење на сите предрасуди и бариери со кои се среќаваме – изјави Османи.

По завршување на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир биле доделени награди за победниците.

Поврзани содржини