ДИПЛОМАТИТЕ НА ОСМАНИ ФОРСИРААТ „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ“ ИДЕНТИТЕТ! Левица реагира на скандал од македонскиот дипломатски кор акредитиран во Норвешка

На ниту еден вработен во амбасадата или од дипломатскиот кор, не му беше проблем, што во официјалното соопштение пишува „пијалоците од северномакедонските винарии“ – вели Левица.

1,473

Во официјално соопштение на македонската амбасада за одржана гала церемонија (организирана од дипломатскиот кор акредитиран во Норвешка), на чело со амбасадорот Дритон Куќи, речиси цела недела стоеше придавката „северномакедонски”, реагира партијата Левица.

На ниту еден вработен во амбасадата или од дипломатскиот кор, не му беше проблем, што во официјалното соопштение пишува „…пијалоците од северномакедонските винарии…”.






Предупредувањата на Левица за Преспанскиот договор веќе ги надминуваат и најцрните сценарија. Ако досега се плашевме и често се случуваше од другите земји да нè нарекуваат „северномакедонци”, дипломатите на Османи, се надминаа себеси и почнаа самите, сè она што е македонско да го нарекуваат „северномакедонско”. Застрашувачки е фактот што ова не е ваков прв случај, уште пострашно е што не е ниту последен!

За новиот „блесок” на дипломатска писменост, беше објавено во некои медиуми, по што, плашејќи се од реакцијата на јавноста, од официјалното соопштение придавката „северномакедонски” беше избришана, а во обид да се прикрие новиот скандал, веста на медиумите беше експресно избришана и повеќе истата не може да се најде“ – пишува Левица во соопштението.

 

Поврзани содржини