Дино Мерлин првпат проговори за здравјето: Бев тешко болен, не би го посакaл тоа никому

1,965

Босанскиот музичар Дино Мерлин (58) зборуваше за најтешките моменти во неговата долга кариера и откри некои досега непознати детали. Пејачот бил гостин во Емисијата на ХРТ „Во свој филм“, која ја води Тончица Чељуска.

Тој раскажал дека работел во фабрика за кревети, каде ги запишувал песните, а колегите му се смееле за тоа. Зборувал и за војната, како гледал дека му умираат колеги, пријатели и менаџерот.






На крајот, се осврнал на моментите кога бил сериозно болен. Мерлин кон крајот на 90-тите размислувал да се повлече од сцената и објасни зошто.

– Ова ќе го кажам за првпат, во еден период од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, не би го посакал тоа на никого. Се манифестираше на таков начин што ништо не ме интересираше, ниту животот ниту смртта. Сè ми паѓаше на ум тогаш, размислував да ја напуштам музиката. Но, решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, со кој сум многу се гордеам – изјавил Мерлин.

FOTO: HRT

 

Поврзани содржини