Димовски: Оваа Влада е политички и кадровски истрошена

705

Поранешниот пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски во гостување во емисијата 24 анализа рече дека има неколку факти што се однесуваат на фрлената „ракавица“ од премиерот Зоран Заев за широка Влада.

– Факт е дека сме немале Влада со толку мало мнозинство, како и селектирано мнозинство. Исто така, оваа Влада многу лошо се справува со ковид кризата, но и економски станува се полошо и оваа Влада политички и кадровски е истрошена. Оттаму и самиот Заев призна дека на Македонија и треба нова Влада, и со својата изјава не нѐ изненади. Ние сме во фаза, што во најмала рака имаме перцепција во јавноста дека оваа Влада нема моќ да се справи со предизвиците. Оваа бројка на пратеници ќе диктира состојба во Собранието, реков непосредно по изборите. Емоциите во двата табори се на високо ниво, па оттаму набојот е голем и кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ – рече Димовски.






Според него, има министри со скандали, министри кои не пласираат проекти и дека затоа Владата не може да го истера целиот мандат.

– Оваа Влада е политички и кадровски истрошена, има министри кои веќе не ги гледаме во јавноста, не пласираат политики, не пласираат проекти и програми, исто така има министри во Владата кои се полни со скандали, дали имаат НАТО сертификати, дали не им се спроведуваат политиките, не им поминуваат крупни проекти и наидуваат на силни реакции од јавноста – вели Димовски.

Поврзани содржини