Димовски: Македонија со Заев една година е во рецесија, полоши сме од Албанија, Србија и Косово

Тој направи споредбена анализа - соседна Албанија за првите три месеци од 2021 година има бруто домашен производ од 5.5%, соседна Србија за првите три месеци од 2021 година има бруто домашен производ од 1.7% додека соседно Косово има бруто домашен производ кој изнесува 5.7%. 

797

Македонија веќе една година е во рецесија, економијата тоне, луѓе остануваат без работа а се повеќе компании се затвораат, со еден збор економската политика на оваа Влада на СДСМ е катастрофа, реагира Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта ветуваше економски раст од 5% за секоја година, меѓутоа не само што нема раст од 5% туку во последната година економијата е во минус.






Можеше да се има разбирање за Владата доколку падот на економијата беше општ тренд насекаде во регионот меѓутоа тоа не е така. Ако се направи споредба со земјите од регионот во однос на бруто домашниот производ за првите три месеци од 2021 година можеме да констатираме дека само во Македонија бруто домашниот  производ е во минус односно тој изнесува -1.9 проценти – вели Димовски.

Тој направи споредбена анализа – соседна Албанија за првите три месеци од 2021 година има бруто домашен производ од 5.5%, соседна Србија за првите три месеци од 2021 година има бруто домашен производ од 1.7% додека соседно Косово има бруто домашен производ кој изнесува 5.7%.

– Доколку продолжи ова ниво на раст и развој на земјите од регионот, за десетина година нивните граѓани ќе бидат со дупло поголеми плати, пензии и животен стандард во однос на граѓаните на Република Македонија. Лошите економски политики на оваа Влада фрлаат цели генерации во сиромаштија и стагнација. Народот е се посиромашен, постојано растат цените на храната и останатите артикли, поради што и животниот стандард од месец за месец е се полош. Компаниите се на раб на ликвидност, а соодветни и навремени решенија нема на повидок. Целиот економски пристап на оваа Влада практично се сведува на многу зборови и ветувања, но малку дела – рече Димовски.

Поврзани содржини