Димовски до Пендаровски: Одлука за членство во ЕЕЗ се носи во Собрание, не на лидерска

Како терате членство во Мал Шенген, како алтернативна асоцијација, а за ЕЕЗ сте биле против? Како сте можеле да мислите дека економската интеграција ќе ја загрози политичката? Тоа нема логика. Не помисливте ли дека граѓаните ќе добијат тоа што очекуваат, без никој да не уценува, да ни ја менува историјата и да не прекрстува? И најбитно, со таа ваша одлука, сте ги загрозиле економските, социјалните, образовните, бизнис и развојни потреби и интереси. Ова е катастрофа!

865

Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски преку Фејсбук реагира на ставот на претседателот Стево Пендаровски дека на лидерска средба со консензус бил отфрлен предлогот Македонија да стане членка на Европската економска зона. Тој му забележува на Паендаровски дека таква одлука не се носи на лидерска средба, туку се прашува Собранието.

– Утринава бев првиот кој реагираше на Вашата изјава од вчера. Многу колеги, пријатели и новинари ми се јавија со неверување дека сте изјавиле нешто такво вчера, а уште повеќе дека сте направиле таква постапка. Луѓето мислеа дека сте направиле лапсус. За жал, со вашиот денешен статус, го потврдивте мојот сомнеж.Претседателе Пендаровски, сте направиле катастрофа! Ова е стратешка грешка! Каков е тој „државен став” за кој не е и не бил информиран највисокиот државен орган Собранието на Република Македонија – пишува Димовски на Фејсбук.






Тој прашува дали на лидерска средба се носат одлуки, бидејќи лидерската не постои во Устав како институт.

– Одлуки од ваков тип носи само Собранието на Република Македонија! Никој друг! Информирањето на Собранието се спроведува по официјален тек и ред, писмено, до Претседателот на Собранието, па тој до сите пратеници. Доколку материјалот имал некаква назнака за тајност, материјалот ќе го добиле само пратениците кои имавме сертификат за тајност. Два месеци после вашата лидерска средба, на која сте изградиле „државен став” (а сте немале право) Вие Претседателе имавте обраќање пред Собранието. Требаше тогаш да не информирате. Не кажавте ни збор. Јас бев пратеник, никој мене не ми кажал ваква информација, ни официјално, ниту неофицијално. А вие, заедно со Претседателот на Собранието и на Владата, и министрите за надворешни работи и европски прашања, сте имале формална обврска – реагира Димовски.

Според него, Пендаровски одзел уставна надлежност од Собранието за одлучување.

– Како терате членство во Мал Шенген, како алтернативна асоцијација, а за ЕЕЗ сте биле против? Како сте можеле да мислите дека економската интеграција ќе ја загрози политичката? Тоа нема логика. Не помисливте ли дека граѓаните ќе добијат тоа што очекуваат, без никој да не уценува, да ни ја менува историјата и да не прекрстува? И најбитно, со таа ваша одлука, сте ги загрозиле економските, социјалните, образовните, бизнис и развојни потреби и интереси. Ова е катастрофа! На Македонија и треба ум и сила – смета Димовски.

 

Поврзани содржини