Димова: Точно е дека фалат пари во Националната агенција, но ние први поднесовме кривични пријави

1,350

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, тврди дека не се работи за злоупотребa на пари од нејзина страна, туку дека тоа е сторено од претходното раководство, откако Антикорупциска денеска објави дека отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средтсва од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција.

Министерството за образование поднесе кривична пријава за злоупотреба на средства од фондовите на Европската унија од страна на Националната агенцијата за европски образовни програми.






– Точно е дека е пријавен недостиг на средства во благајната на Националната агенција. Тој недостиг на средства е пријавен од Националната агенција кон МОН како национален авторитет, меѓутоа Националната агенција е таа која што прва постапи. Значи ние постапивме со тоа што лицето кое што е директно одговорно за недостаток на парите од благајната прво го отстранивме од работното место па потоа имавме кривични пријави и тоа не кон едно лице туку кон две лица – изјавија Димова за ТВ 21.

Поврзани содржини