Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77, рече дека вицепремиерот Љупчо Николовски не може да и бара оставка, туку тоа може да го направи владата. Вака Димова одговор на прашањето откако Николовски, завчера, побара нејзино повлекување од директорката функција.
– Не гледам зошто би дала оставка. А, владата има право. Ама под владата ако го отворите етичкиот кодекс, таму пишува дека претседателот на владата може да бара некакво разрешување, а не, господинот Љупчо Николовски. Јас го цитирам Етичкиот кодекс – рече Димова.
Таа додаде дека не е именвана од владата туку дека е избрана од Управниот одбор.
– Ако директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување – изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.