ДИМНИ БОМБИ И КАМЕЊА КОН СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Лица со „фантомки“ дивееја пред Собрание

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

1,415

Ситуацијата за време на протестот што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ вечерва пред ескалираше Собранието.

Како што јавуваат репортерите на МИА од теренот, кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда беа фрлени димни бомби, петарди и шишиња. За МИА од МВР потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.






На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат.

 

Неофицијално учесниците на протестот фатиле двајца од нив, но не им дозволуваат на медиумските работници да се доближат.

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

Протестот досега беше мирен и без инциденти. Учесниците на протестот претходно запалија транспарент со фотографии на пратеници на кој пишуваше „предавници“.

Поврзани содржини