📽 ДИМНА БОМБА ВРЗ ПРЕМИЕРИТЕ НА ХОЛАНДИЈА И НА ПОЛСКА Инцидент пред церемонијата „пламен на ослободувањето“

606

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф ​​и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен настан во градот Вагенинген.

На прославата на 80-годишнината од ослободувањето на Холандија, полскиот премиер Доналд Туск се најде во центарот на инцидентот кога за време на церемонијата беше фрлен факел во негова насока, непосредно пред да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“.






За време на церемонијата, пред нозете на полскиот премиер падна факел, фрлен од некој од толпата, од кои некои држеа плакати со кои ја критикуваа војната во Појасот Газа. Туск веднаш беше отстранет од бината.

Според пишувањата на светските медиуми, овој инцидент можеби бил насочен против полскиот премиер.

Во исто време, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, некои луѓе извикуваа пропалестински слогани. Холандските медиуми засега објавија дека имало пет апсења.

 

 

Поврзани содржини