Димковски: Тутунопроизоводителите ќе добијат 30 милиони евра субвенции

Тој додаде дека поради тоа што се наоѓаме во вонредна состојба треба заеднички да придонесеме за соодветен модел за начинот на исплатата.

314

Денеска се исплатени над 30 милиони евра субвенции за 19.050 производители на тутун за реколтата 2019 година. Ова денеска на прес-конференција го кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

– Наш врвен приоритет е да им овозможиме на максимална поддршка на земјоделците за непречено производство. Поради тоа денеска тутунопроизводителите ќе ги добијат субвенциите на своите сметки – рече Димковски.






Тој додаде дека поради тоа што се наоѓаме во вонредна состојба треба заеднички да придонесеме за соодветен модел за начинот на исплатата.

– Со цел да не се прават гужви пред банките, за оние кои немаат платежни картички, ќе се одвиваат во четири последователни денови почнувајќи од 21 април (вторник) до 24 април (петок). За секој од овие четири денови е направен распоред за исплатата по азбучен ред според презимињата за физичките и правните лица – рече Димовски.

Министерот рече дека сите оние кои сакаат да подигнат готовина од банкоматите, тоа ќе можат да го сторат во понеделник од 16 до 23 часот, а за таа цел МВР ќе има список на сите. Тој ги замоли производителите на тутун да имаат разбирање и за начинот на исплатата.

Поврзани содржини