Димитров: Побарав онлајн вклучување на Kомисијата за надворешни работи, но не можеше оти немало компјутер

Димитров вели дека деновиве треба да биде негативен за да си ја работи работата и затоа побарал онлајн вклучување во работата на собраниската Комисија за надворешни работи.

671

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на својот профил на Фејсбук попладнево објасни зошто не присуствувал на денешната седница на собраниска Комисија за надворешни работи, посочувајќи дека веднаш ја прифатил поканата, но оти со оглед на ковид-19, сакал неговото присуство да биде дигитално.

– На два ума бев дали воопшто вреди да објаснувам, но вистината е над сè. И покрај тоа што поканата од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието ја добив од вчера за денес, мојот кабинет веднаш стапи во контакт и посочи дека би сакал да учествувам во дебатата во било кој формат, но дигитално, со оглед на ковид-19. Ни одговорија дека немаат таква можност по Деловникот. Им укажавме дека може да биде и неформална седница или конференција. Па разбравме дека наводно немале технички можности (за таква работа замислете треба компјутер). Во услови кога деновите ми се важни, и треба да бидам негативен за да си ја работам работата, немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите. Толку околу „шокираноста” што не сум се појавил – појаснува Димитров на Фејсбук.

Поврзани содржини