Димитров: Нема гаранции дека ќе почнеме преговори со ЕУ во јуни

Нема гаранции, да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор, рече Димитров. 

275

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.

– Или сите ќе бидеме губитници или сите ќе бидеме победници. Се разбира, ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа, мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатабилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион – рече Димитров, одговарајќи на новинарско прашање при доделување донација од Словачка за Клиниката за детски болести.






Затоа, додава вицепремиерот за европски прашања, мислам дека не треба да креваме раце.

– Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство, да се направи сѐ што може и затоа мислам дека треба да правиме сѐ да ги искористиме шансите како ќе доаѓаат. Инаку, ако одиме по избори и календарот на избори на земјите членки секогаш ќе има некаков проблем – нагласи Димитров. 

Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговорите во јуни.

– Нема гаранции, да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор – рече Димитров. 

Поврзани содржини