Димитров не прецизира дали ќе ја затвориме границата со Србија

752

Министерот за надворешни работи Никола Димитров не прецизира дали Македонија размислува да ја затвори границата со Србија поради порастот на заболени од ковид-19 кај соседите.

– Ја следиме состојбата во сите земји и врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести ќе ги носиме одлуките. За прашањето на границите нема политика, клучниот критериум е епидемиолошката слика. Препораката на ЕУ визави границите, клучниот критериум е блсику до 20 нови случаи регистрирани во последните 14 дена на 100.000 жители. Ова се однесува на несуштински патувања. Ние ќе бидеме во блиски консултации со сите земји од интерес.  Во овој момент може да се каже дека дневно ја следиме состојбата, сакаме да имаме точно проверени бројки и врз проверените бројки ќе се отвори дебата прво во Комисјата а потоа и на политичко ниво – рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали е точна информацијата дека ќе ја зтвориме границата со Србија.

Поврзани содржини