Димитров: Не можам да кажам дали авионот од Барселона со 150 граѓани утре ќе слета во Скопје

373

Се бара начин да им се помогне на нашите граѓани кои се заглавени на границите како да се вратат дома, а притоа да не се наштети на граѓаните дома, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање дека 150 граѓани треба утре со лет од Барселона да допатуваат на скопскиот аеродром, а тој од вечерва ќе биде затворен.

– Во овој момент, за да не наштетам не можам да одговорам дали ќе слета авионот од Барселона – рече Димитров.






Тој додаде дека се свесни за проблемот не само за патниците од Барселона.

– Има и од Копенхаген, дел се качија со авион за Солун  и правиме напори со автобус да стасат дома. Вчера група од 50 луѓе од хрватска граница се упатија према Србија, може веќе се стигнати дома. Бараме начин како да помогнеме на луѓето кои се на аеродромите. Има пробле со луѓе во Малта. Се обидуваме да најдеме решение за помош на граѓаните особено за тие што немаат дозвола за престој во трети држави, но тоа да не биде на штета на граѓаните дома. Повторувам, имаме контрола само врз нашите граници, стапуваме во комуникација со други држави за премин, но Словенија, Хрватска и Србија се проблематичниоти имаат строги правила – рече Димитров.

За информацијата дека вчера се очекуваше во Македонија да пристигнат 200 граѓани, министерот рече дека информацијата за бројката ја добиле од граѓани кои биле заглавени на граничниот премин помеѓу Унгарија и Србија и дека не секогаш може да ги проверат информациите дали се релевантни.

– Вечерта претходниот дем имаше голема група на граѓани на  граничниот премин помеѓу Унгарија и Србија.  Направиувме листа да поминат и да се вратат дома Од Романија и Бугарија добивме согласност да се вратат дома кај нас. Информациите беа од граѓани немаме прецизна бројка, не беше организиран конвој со полициска придружба во Романија туку патувањето се одвивало индивидуално. Тешко е да се претпостави бројката – рече Димитров.

Поврзани содржини