Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Вака шефот на македонската дипломатија Никола Димитров преку Фејсбук објаснува за реакциите на социјалните мрежидека во апликациите за работни места како државјанство , место „македонско“, НАТО користи „државјанин на Северна Македонија“
– Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се, напиша Димитров.