Димитров: Нашите државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да ги вратиме дома

Пресек ќе направиме денес во пет часот попладне и штом имаме појасна слика каде ни се луѓето и колку се, ќе преземеме се што можеме да си ги вратиме дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на народот тука.

347

Министерството за надворешни работи денеска во 17 часот ќе напарви пресек колку и каде се има наши државјани надвор од државава, по што ќе преземе активности за нивно враќање дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес, а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на населението тука, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој појасни дека еден од проблемите во однос на ова прашање е немањето проверени сознанија и укажа на информацијата пласира во јавноста за наводно 150 млади македонски граѓани затекнати во Барселона, а од цела Шпанија, рече, само 16 граѓани се пријавени во нашата Амбасада во Мадрид.






– Поттикнати од тоа, вчера упативме јавен повик до сите граѓани во странство посебно оние што немаат престојувалиште вон татковината да се регистрираат во ДКП-ата каде што се. Ако немаме таму дипломатско-конзуларна мисија, тоа да го сторат во најбилиската до земјата каде што се. Во Малта немаме, што значи Амбасадата во Рим е надлежна за регистрација. Ние мора да знаеме за колку луѓе зборуваме. Пресек ќе направиме денес во пет часот попладне и штом имаме појасна слика каде ни се луѓето и колку се, ќе преземеме се што можеме да си ги вратиме дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на народот тука. Тоа се два државни интереси што треба да ги имаме предвид во оваа операција – рече Димитров.

Димитров додаде дека по 17 часот ќе имаме поконкретна информација околу ова, како и за планови, но нагласи дека мора да бидеме многу внимателни со информациите што течат низ  јавноста и да ги проверуваме многу внимателно.

– Задача на ова Министерство е апсолутно да најде начин, иако имаме ограничени ресурси, немаме национална авиокомпанија, па напорот не е едноставен. Вчера ноќта разговарав со министерот за надоврешни работи на Австрија, Шален Берк, бидејќи тие имаат национална компанија, таму каде што е можно каде тие летаат за австриски државјани, во случај на слободни места да може да земат и македонски државјани, па потоа некако полесно да ги донесеме дома. Ќе правиме се што може. Свесни сме за очајната ситуација на некои од нашите граѓани во странство. Оваа мерка сега е многу важна, да се евидентираат во ДКП-ата каде се за да знаеме, за да ги имаме неопходните веродостојни информации за да помогнеме – потенцира Димитров. 

Поврзани содржини