Димитров: Моментално малку земји од Западен Балкан можат да се најдат на белата листа за патување во ЕУ
Евроамбасадорот Вархеи кажа дека процесот на консултации трае и дека ова прашање ќе биде соодветно решено.
Моментално малку држави од шестте во Западен Балканот ќе ги исполнат условите за да бидат на целосно белата листа, но да ја видиме одлуката на ЕУ, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, откако Еуроњус објави предлог листа на земји кои чии жители ќе можат да патуваат во земјите на Унијата.
– Вчера имамвме видеосредба со моите колегите од Балканот што ја иницираше евроамбасадорот Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на која зборувавме и за отворање на границите. Евроамбасадорот кажа дека процесот на консултации трае и дека ова прашање ќе биде соодветно решено. Дека одлуките ќе бидат врз основа на објективни критериуми во однос на епидемиолошката слика на сите земји на Западен Балкан -рече Димитров.
Тој додаде дека се слушнал и со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг и некои други луѓе.
– Според она што го знам можам да речам дека моментално малку држави од шестте во Западен Балканот ќе ги исполнат условите за да бидат на целосно белата листа, но да ја видиме одлуката. ЕУ ќе донесе препорака за земјите членки. Одлуката ќе биде национална на земјите членки.Препораката ќе се менува секои 14 дена во однос на состојбите во земјите -рече Димитров.