Димитров: Изодевме долг пат, сега ќе зависи од нас

232

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров рече дака во ова заедничко „време невреме“ би сакал сепак да пренесе добри вести за македонските граѓани.

– Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на ЕУ, денес даде политичка согласност за предлог заклучоците кои се многу позитивни и охрабрувачки за нас. И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот, особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание за досега сработеното –  изјави Димитров.






Тој рече дека земјата по 15 години во чекалната како кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври 2019 година, конечно го поминува прагот и ќе може да ја започне следната заслужена фаза од својот европски пат. Отсега натаму и ние ќе имаме референтна почетна точка од која ќе го мериме времето – откога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но од сега па натаму уште повеќе, од нас самите зависи.

– Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во Европската Унија. Советот недвосмислено ќе потврди дека остваривме опипливи и одржливи реформски резултати во однос на реформите. Советот ја поканува Комисијата ВЕДНАШ да поднесе предлог рамка за преговорите како и да ја започне неопходната подготвителна работа – додаде министерот.

Првата меѓувладина конференција ќе биде свикана што е можно поскоро по усвојувањето на преговарачката рамка. Советот ја поканува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот, започнувајќи со кластерот за фундаменталните вредности.

– Одлуката на Советот не дојде лесно ниту пак ни беше поклонета. Ние и вие заедно со макотрпна работа и жртвување ја одработивме и заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство – вели министерот.

Поврзани содржини