Димитров: Идејата на договорот беше историјата да се остави на историчарите, ние да се занимаваме со сегашноста и иднината
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на својот Фејсбук профил напиша историјата да се остави на историчарите, а политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината.
– Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон Е – напиша Димитров.
Натаму наведува дека македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат пречка за интеграција со Унијата.