Димитров и Де Моншален разговарале за добрите билатерални односи

325

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален.

– Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план – соопшти МНР.






Димитров и Моншалан разговарале и за актуелни прашања од регионален интерес.

Поврзани содржини