Димитров до Захариева: Ова е скандалозна невистина

Степенот на усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија за 2019 изнесува 92 отсто, а не 50 отсто како што изјави Захариева, вели Димитров.

4,826

Степенот на усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија за 2019 изнесува 92 отсто, објави на Фејсбук вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров.

– Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92% отсто наведува Димитров во објавата, реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Бугарското национално радио (БНР) дека усогласеноста на земјава со заедничката надворешна политика на ЕУ е под 50 отсто.






Димитров во објавата наведува дека очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци.

– Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски, додава вицепремиерот за европски прашање во својот фејсбук-статус.

 

Поврзани содржини