Димитров: Честитки татковино, ќе бидеме достојна членка на НАТО

424

Честитки татковино, честитки до сите граѓани,  даденото ветување и заветот што го дадовме  го исполнивме, ова се случи поради спремноста да ја преземемe нашата судбина во свои раце, рече минисерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Од самитот во Букурешт разлика имавме со Грција, го решивме тој проблем и го зацврстивме пријателството. Заокружувањето на овој процес заврши вчера во Шпанија, во исклучително тешки, вонредни услови. Ова значи поголема безбедност, стабилност и просперитет на нашата татковина и сите македонски граѓани. Покажавме дека можеме да ги надминеме и најтешките предизвици. Стејт департментот ќе ги извести сите сојузници и потоа ќе дојде време ние да го депонираме нашиот инструмент за ратификација. Потоа формално ќе станеме 30 членка на Алијансата – рече Димитров.






Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО, информира Димитров.

– Ќе покажеме дека може да бидеме достојна земја членка на НАТО – порача Димитров.

Во поголемиот дел од пресот министерот одговараше на новинарски прашања за состојбата со заглавените граѓани на гранични премини во регионот.

Поврзани содржини