Димитров: Ако младите решат да нè биде, ќе нè биде

Да работиме заедно, да имаме верба во себеси. Во 2024 прашањето „дали можам да успеам дома“ да не биде веќе прашање - изјави Димитров.

225

Иднината се младите и ако тие решат и по еден глас, преку гласање, преку своето ливче одлучат да нè биде, тогаш ќе нè биде како држава, изјави денеска Никола Димитров, носител на ИЕ 1 од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме”, по средба со една група млади граѓани.

– Сакам да ги повикам сите, овие неколку години да докажеме дека можеме сите како држава да влеземе во Европа, а не еден по еден преку иселување. Да работиме заедно, да имаме верба во себеси. Во 2024 прашањето „дали можам да успеам дома“ да не биде веќе прашање – изјави Димитров.

Поврзани содржини