Вицепремиерот додаде дека никој друг на светов, ниту една друга држава, ниту соседна ниту одалечна, ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето право на самоопределување.
– Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“. Не знам дали ќе можеме да веруваме на таква Европска Унија. Мора мудрост и почит. Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување – рече Димитров.