ДИМИТРИЕВСКИ СО ПОРАКА ДО НОВИОТ ЛИДЕР НА СДСМ Ковачевски треба да се огради од ставовите на предходното раководство

Градоначалникот на Куманово вели дека негов политички интерес е многу поголем во однос на државниот и јавниот интерес отколку на политички позиции.

759

Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и иден мандатар на Владата најпрво ќе мора да се огради од претходните ставови на раководството на партијата, смета градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој во гостување на ТВ Телма во врска со тоа дали би прифатил нова позиција во партијата или во централната власт доколку тоа му биде понудено од страна на новиот претседател на СДСМ  изјави:






– Јас не делувам за да добијам јавна или политичка функција туку делувам во интерес на граѓаните и државата. Мојот политички интерес е многу поголем во однос на државниот и јавниот интерес отколку на политички позиции. Ќе чекам да има оградување на сите претходни ставови на партијата. Ние не можеме да манипулираме со граѓаните. Мора да бидеме искрени со грѓаните, и да им објасниме зошто нашата држава 30 години стагнира во исто место, а политичките партии играат пинг-понг со проблемите на лева и десна страна.

Димитриевски беше во судир со предходното раководство и на локалните избори излезе како независен кандидат за градоначални. Поради тоа беше исклучен од СДСМ, но тој изјави дека тоа било нестатутарна одлука и дека останува да биде член на СДСМ.

Поврзани содржини