Димитриевски се пофали со пивото добиено од Меси (ФОТО)
Секој голман добиваше пиво со редниот број од голот на Меси, тие што имаа примено повеќе голови добија повеќе пива.
Спонзорот на Меси, „Бадвајзер“ направи специјална серија на пива за сите голмани кои имаат примено гол од Лео Меси. Аргентинецот во дресот на Барселона има дадено 644 голови, и исто толку пива беа испратени за голманите.
Секој голман добиваше пиво со редниот број од голот на Меси, тие што имаа примено повеќе голови добија повеќе пива. Аргентинецот еднаш ја затресе и мрежата на Столе Димитриевски на меч меѓу Барселона и Рајо Ваљекано.
Денеска Димитриевски преку својот инстаграм профил се пофали дека го добил пивото и напиша:
– Брилијантно изменаџирано. Ти благодарам за најспецијалното пиво.
Димитриевски го прими 586. гол на Лео Меси.
View this post on Instagram