Димитриевски: Подготвен сум да побарам поддршка за втор мандат

376

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели дека реализирал над 75 проценти од програмата за работа и најави дека е подготвен да ја побара поддршката од граѓаните за втор мандат.

Димитриевски за ТВ 24 информираше дека како градоначалник има над 40 истраги од МВР, обвинителството. Според него, истрагите се завршени, нема процесуирано постапка. Тој додаде дека службите и тој работат, како што истакна, професионално, согласно законот. Кумановскиот градоначалник рече дека општината побарала од Државниот завод за ревизија да изврши контрола и ревизија на работењето на општината, на јавните претпријатија за да види, како што подвлече, дали случајно некаде има грешка, истакнувајќи дека поинаку е да се погреши со умисла, а поинаку по грешка. Во исчекување на извештајот од ревизијата, Димитриевски очекува професионалците да ја завршат работата за да нема како што рече пуштени спинови во одредени медиуми.






Тој истакна дека таков бил случајот со тужбата против ВМРО-ДПМНЕ и нивниот тогашен претседател на општинско ниво кои одржаа прес-конференција за настан во кој бил нападнат на семејна веселба. Димитриевски потврди дека му е уплатен еден денар оштета, а сега го чека извинувањето.

– Тоа е некоја морална сатисфакција за да се види вистината. Ист е случајот и со поднесената кривична пријава во однос на ковид кризата кога бев заедно со членови од штабот ставен во самоизолација, а подоцна направивме тестирање. Истиот случај беше отфрлен од страна на Основно јавно обвинителство. Се води обвинение против службени лица во Обвинителство за организиран криминал во коешто имам искрено голема доверба како обвинителска институција во државата и ја поздравувам нивната работа. Сите процесуирани предмети ќе се водат по закон, затоа што законот е единствен којшто треба да ја има суштинската улога во делот на заштита на правата и на можностите на сите единки кои живеат во државата. Македонија треба да направи сериозен правосуден систем, сериозни трансформации и точно да се знае кој и како може да го работи согласно законот – рече Димитриевски.

Поврзани содржини